| четврток, 6 декември 2018 |

Мокрени, Кури Дере…: Како ги добиле имињата местата со најсмешни називи во Македонија

На Балканскиот Полуостров се застапени голем број на необични имиња кои најчесто се однесуваат на селата, а едно и на градска населби.

Така, една градска населба во Сремска Митровица во соседна Србија се нарекува Пичковац. Потоа во околината на Лесковец постојат села со име Горње и Доње Бријање. Во Хрватска, во близината на Нова Градишка, во западна Славонија, едно место се нарекува Смртич. Во Бугарија, во околината на Софија се градовите Дупница и Перник.

Во Република Македонија, со вакви имиња можеме да ги споменеме селата Прдејци, Подмочани, Паликура, Кури Дере, Куратица, Мокрени, Горно и Долно Дупени, Кривогаштани, Подржи Коњ, Тркање… Огранокот на Бистра кај локалното население познат како Пичкарица, додека село со најкратко име е Б’с кај Крива Паланка.

Еве како настанале имињата на некои од нив.

Подмочани

„Од кај си ти, да не си од Подмочани што си се измочало во гаќи?”, ги прашуваме понекогаш малите деца, без да знаеме дека во толковниците за топонимите во Македонија некој истражил и објаснил дека името на селото доаѓа од составот “под моч”, што значи место што се наоѓа под моч, под мочурливо и влажно место. Луѓето доселени од ова место формирале село, кое се нарекло по мочурливото место од кај што дошле.

Мокрени

И селото Мокрени, кое се наоѓа во Костурско, Егејска Македонија, е наречено по доселениците кои го формирале, а кои дошле од место викано Мокра, кое било влажно и мочурливо место. Кај нас има и село што го добило името од сушната почва на која се наоѓа.

Кури Дере

Такво е велешкото село Кури Дере, кое кај многумина што не слушнале за коренот на овој топоним предизвикува реакција на смеење или чудење. Селото Кури Дере значи сув дол и е со турско потекло – ‘кури’ значи сув, ‘дере’ е дол. ‘Куру’ е, всушност, оригиналниот турски збор со значење сув”.

Паликура

Интересно е името и на тиквешкото село Паликура. За потеклото на ова село, кое се наоѓа на височинка, всушност, има две приказни. Според жителите на Паликура, името е од пред неколку века, уште од турско време. Кога доаѓал аскерот да ги гаѓа комитите на височинката со топови, се слушале команди: “Пали!” Бидејќи Турците промашувале, овие одозгора им покажувале среден прст или цела рака и ги провоцирале на цел глас.
Името Паликура има грчко потекло. “Палаиос” е грчка придавка, со значење стар и именката “хорион” е грчка, а значи село, па, според тоа, Паликура е Старо Село.

Горно и Долно Дупени

“Кај да се бара вечер нешто за да се омрсам, во Горно или во Долно Дупени?”, е честа шега кај младите, а е чиста заблуда.
Дупени е добиено со топонимизација на етникот во множина ‘дупјани’, луѓе што доаѓаат од местото дупа, со значење вдлабнато место, дупка”.

Прдејци

Името Прдејци потекнува од лично име Прде, Прдо, Прдан, односно од фамилијарното име Прдевци.

Мрзенци

И Мрзенци, кое, исто така, е гевгелиско село, не настанало од мрзливо население, туку по луѓето кои дошле таму од мрзен дол, каде што било ладно и мрзнело.

Грешница

Во околината на Скопје има село кое се вика Грешница. Звучи како да станува збор за жена со гревови, но во основата на овој топоним е зборот градец, или мало градче.

Кривогаштани

Според преданието, Кривогаштани потекнува од некогашната градска населба Крив Град која се протегала од Македонски Брод(Дебреште) до Битола(Чепигово),формирана за време на доаѓањето на Јужните Словени на Балканот.Така била наречена според кривите,тесно и долги улици.Во одреден историски период дошлодо голем змејотрес и поплави па од тогашниот град останал само центарот денешното село Кривогаштани.Ова шиво предание за постоењето на некогашниот град населението го поткрепува со наодите што ги наоѓа при обработката на земјата,како што се темели од стари градби,камени плочи од гробови,разни керамики,чупови и сл.

Постои и друго предание за потеклото на името на Кривогаштани според која тоа произлегува од носијата на кривогаштанци.Имено,околните места им се потсмевале на старите кривогаштанци како ги носеле своите гашти на криво.Од тоа потсмевање се добило и името на населбата а жителите не им се лутеле на другите за таа шега,туку напротив се гордееле од таквото именување и го прифатиле името на своето населено место

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top