На вашите униформи годинава е закачен највредниот орден – поканата за пристапни преговори за членство во НАТО, напиша премиерот Зоран Заев во честитката упатена до припадниците на Армијата на Република Македонија по повод Денот на АРМ.
– Влегуваме во НАТО како рамноправна 30-та земја членка на Алијансата. НАТО е сигурност и безбедност за една држава и нејзините граѓани, но НАТО е и повисок животен стандард и инвестиции, нови работни места, повисоки плати, и современо здравство, и квалитетно образование. Вие, кои со години стоите рамо до рамо со вашите колеги од НАТО, најдобро знаете што значи да сме под закрила на НАТО, што благодарение на вас се отвори и за сите граѓани на Република Македонија, вели Заев во честитката.
Тој им честита на припадниците на АРМ за нивните успеси низ годините, за достоинственото претставување на Македонија во мировните мисии, како и за врвната професионалност.
– Оддавам почит и признание за сиот ваш труд, трпение, непреспиени ноќи, и пред се надеж, и верба – дека еден ден Република Македонија ќе ја биде. Дека ќе се почитува според светските стандарди вашата професионална работа, и ќе биде добро за сите граѓани, пишува во честитката од Заев до припадниците на АРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст