| четврток, 6 декември 2018 |

Без струја делови од Илинден и Јурумлери

Корисниците од објектите во околината на мотелот „Белви“ во општина Илинден денеска ќе бидат без електрична енергија од 7:30 до 10:30 часот.

Од 11 до 17 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Јурумлери, општина Гази Баба и дел од населбата Илинден.

В понеделник од 9 до 12 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селото Студеничани, а од 9 до 13 часот корисниците од зградата бр. 9 на улицита „Методија Митевски“ во општина Чаир.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top