Легендарниот кошаркар на Барселона, Хуан Карлос Наваро, одлучи да ја заврши својата кариера, објави на својата веб-страна каталонскиот клуб. Оттаму велат дека 38-годишниот играч , кој со тимот освои 35 трофеи, ќе биде вклучен во активностите на клубот како функционер во наредниот период.
Популарниот „Ла Бомба“ дебитираше за Барселона во 1997 година и само ги промени боите на клубот за една сезона, кога во 2007-2008 беше член на НБА тимот Мемфис Гризлис.
Со Барселона, меѓу другото, освои две титули во Евролигата, осум пати беше шампион на Шпанија и седумкратен победник во Кралскиот Куп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст