| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска навршија 40 дена од убиството на Саздо: Истрагата тапка во место, МВР глуми

Денеска навршуваат 40 дена од смртта на младиот Никола Саздовски- Саздо, кој до смрт беше претепан во скопска Автокоманда. Настанот се случи на 29.06.2018 година околу 17:30 часот кога Саздовски бил нападнат од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје додека тој бил на авотбуска станица со својата девојка.

Саздо неколу дена беше во кома, а потоа им подлегна на повредите.

Навивачката група „Комити“, чиј член беше и Саздо, денес присуствуваше на одбележувањето 40 дена од смртта на Саздо.

Инаку, двајцата напаѓачи на Саздовски се наоѓаат во притвор, додека третиот осомничен е се уште во „бегство“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top