| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ преку Димитров до четвртфинале во Синсинати

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да го победи Григор Димитров во третото коло на Мастерс турнирот во Синсинати со 2-6, 6-3 и 6-4. Тенисерите го почнаа натпреварот вчера, но поради дожд мораше да биде прекинат, па победникот беше решен денеска.

Ѓоковиќ лошо го почна дуелот, па Бугаринот успеа да направи двапати брејк и да го освои првиот сет со 6-2. Србинот продолжи со катасторфалната игра и на почетокот на вториот сет, па веднаш Димитров стигна до брејк (1-2), но набрзо Ѓоковиќ се разбуди и заигра многу подобро, па со два брејка во продолжението стигна до 6-3 во вториот сет.

Во третиот сет Ѓоковиќ продолжи со добрата игра, па направи брејк во третиот гем (2-1), а предноста ја одржа до самиот финиш и на крајот стигна до 6-4 во третиот сет.

Во следното коло, српскиот тенисер ќе игра против Милош Раониќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top