| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец направил хаос во казино: Изгубените пари си ги барал назад, ја скршил вратата и завршил во полиција

Гостиварец кој изгубил пари во казино неделава, си ги барал назад, а гневот за загубата ја префрлил на вработените и обезбедувањето во казиното по што почнал да се расправа со нив. Тој тврдел дека настанала грешка, па апаратот му ги зел парите. Обезбедувањето во објектот го опоменало за недоличното однесување и од него било побарано да го напушти објектот, но на заминување тој удрил по вратата и истата ја оштетил.

Инцидентот го забележала патрола на полицијата која во тој момент минувала покрај објектот, по што гостиварецот бил приведен.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top