| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ бара Венко Филипче да си поднесе оставка

Министерот за здравство да си поднесе оставка, побараа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерот, Венко Филипче, е човекот кој што не виде ништо спорно во распределба на 35 милиони евра на нова компанија, тендер кој што веднаш потоа беше распуштен. Сега Венко Филипче не гледа ништо спорно што ќерката, директор на Клиниката за хематологија доделува над 3 милиони евра компанијата на својот татко“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоиловски.

Стоиловски на денешната прес конференција побара Венко Филипче и Ирина Ставридис Пановска да си заминат од функциите. Незамисливо е, додава Стоиловски, во јавна установа да доделува тендер при очигледен судир на интереси на компанија на таткото на актуелната директорка, притоа сето тоа да се прикажува како бирократски чин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top