Проблематичен и пијан гостин направил инцидент во позната скопска кафеана во понеделникот по што обезбедувањето на објектот морало да интервенира. Недоразбирањето настанало откако тој барал од музичарите неколкупати да му биде испеана неговата омилена песна, за потоа да започне расправија со други гости во ресторанот.
Кога музичарите сакале да отсвират и испеат песна на друго друштво, проблематичниот гостин не дозволувал. Тој ги попречувал свирачите да заминат од неговата маса, по што турнал еден од свирачите. Сопственикот на ресторанот повикал обезбедување, по што проблематичниот маж со своето друштво го напуштиле објектот.
(фото – илустрација)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст