Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска се сретна со претседателот на ДИК, Оливер Дерковски и членовите на Државната изборна комисија, соопшти Владата.
На средбата е заеднички нагласена важноста од професионално и транспарентно работење на Државната изборна комисија пред и на денот на престојниот референдум, со цел доверба на сите граѓани и политички субјекти во процесот.
На состанокот се разговараше за потребните услови за реализација на процедурите за спроведување на референдумот, како и за овозможувањето непречено извршување на законските обврски на ДИК поврзани со референдумот.
– Референдумот е обврска од важен државен карактер. Сите институции се должни да соработуваат со Државната изборна комисија. И Владата стои на располагање, на принципиелно ниво, согласно законските овластувања, да обезбеди реализација на законските потреби на ДИК и тоа ќе го направиме – рече премиерот Заев.
Претседателот на ДИК, Дерковски и членовите на ДИК посочија дека работат професионално, штедливо и домаќински и дека ќе продолжат во таа насока, .
-Верувам дека секој ја знае својата професионална и човечка одговорност за овој важен процес, должни сме сите професионално да си ја завршиме работата – рече премиерот Заев.
На средбата на премиерот Заев со членовите на ДИК се разговараше и за медиумската кампања поврзана со референдумот, за потребата од почитување на законските одредби поврзани со кампањата за референдумот од страна на сите чинители, како и за финансиските средства што му се потребни на Собранието за спроведување на медиумската кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст