| четврток, 6 декември 2018 |

Кепевски: Укинувањето на евтините летови е на штета на младите

Укинувањето на евтините летови е на директна штета на младите, СДСМ само декларативно се залага за ЕУ, истакна Томи Кепевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција пред Министерство за транспорт и врски.

-Укинувањето на евтините летови на ‘Визер’ е на директна штета на младите луѓе, кои со евтините билети имаа можност да прошетаат низ Европа, да ги посетат своите роднини и пријатели со помалку средства. СДСМ ветуваше подобри услови за младите, а сѐ што прават е да ја враќаат државата назад во минатото. Наместо власта да бара и мотивира и други превозници, кои би отвориле многу дополнителни дестинации, таа не избира начин да ги избрка постојните“, рече Кепевски.

Тој додаде дека несериозни и смешни се изјавите на министерот Горан Сугарески дека тендерот бил прекинат затоа што на пликот во кое било ставена тендерската документација не биле напишани целото име и адресата на компанијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top