Францускиот парламент усвои закон за морал на политичкиот живот, со кој им се забранува на политичарите да вработуваат членови на своите семејства. Овој закон е прв поголем законодавен потфат на претседателот Емануел Макрон.
Законот им забранува на министрите, пратениците и членовите на локалната власт да вработуваат венчани или невенчани сопружници, родители или деца под закана на казна од 3 години затвор и 45.000 eвра.
Законот го поддржале 383 пратеници, тројца биле против, а 48 воздржани. Пратениците на владејачкото мнозинство аплаудирале по гласањето.
Законот предвидува и друг вид на контрола на пратениците. Забрането им е да вршат советодавни активности за да не дојде до судр на интереси. Се воведува нов систем на контрола на нивните трошоци, кои ќе ги контролира Министерството за економија за да се избегне затајување данок и други малверзации.
Пред францускиот парламент следната среда ќе се најде уште еден закон за морализација со кој ќе се укинат дополнителните финансиски средства што можеле досега пратенците да ги насочуваат во заедниците и во друштвата по своја желба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст