Своето мислење по повод откажаните настапи на српскиот пејач Момчило Бајагиќ Бајага во неколку хрватски града, што по сѐ изгледа овие денови е една од главните теми во земјата и во регионот, го искажа и легендарниот црногорски музичар и текстописец Рамбо Амадеус.
Бидејќи не му е јасно зошто некој би го забранил концертот Бајага, тој го даде единственото објаснување што нему му се чини логично.
„Еве, веќе неколку дена се обидувам да разберам зошто некој, насекаде, би забранил концерт Бajaгa? Единственото објаснување што може да биде логично е тоа што Бајага не свири турбофолк, кој, како што го гледам, е добредојден во секој дел од покојната Југославија“, напиша балканскиот Френк Запа.
Колку да потсетиме, пред една недела, по поплаките од хрватските бранителски здруженија, организаторите од Карловац го откажаа концертот на Бајага на манифестацијата „Денови на пивото“. Во средата бранителите се спротивставија на настапот на „Шпанцирфест“ во Вараждин. Сепак, градоначалникот на Вараждин, Иван Чехок, во четвртокот рече дека концертот ќе се одржи.
Бранителите на Бајага му забележуваат затоа што, како што велат, пеел четнички песни во Книн во 1993 година, иако за такво нешто нема никакви докази, а ваквите обвинувања Бајагиќ веќе со години ги отфрла.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст