Седумдесетгодишен битолчанец се самоубил утрово, скокајќи од шестиот кат на зградата во која живеел. Како што информираа од полицијата, станува збор за Сиљан Т. кој се фрлил од зградата на улицата Васко Каранѓелески каде што живеел со својата сопруга. По падот, тој починал на самото место. Причините за самоубиството засега не се познати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.