Американскиот Сенат едногласно ја усвои резолуцијата, предложена од сенаторот на Демократската партија, Брајан Шулц, во која се наведува дека „медиумите не се непријател на народот“.
Шулц при поднесување на предлогот се повика на поранешните американски претседатели Томас Џеферасон, Џејмс Медисон и Роналд Реган, дека слободните медиуми се „интегрален дел од основата на САД“.
Во резолуцијата се осудува нападот врз медиумите како „напад врз демократските институции на САД“.
Резолуцијата се повикува на првиот амандман кој ги штити медиумите од контрола на Владата и од притисоци.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ги критикуваше медиумите откако американски весници координирано ги осудија неговите напади врз новинари, кои ги обвинува дека шират лажни вести.
– Не постои ништо што повеќе би сакал за нашата држава од вистинска слобода на медиумите. Факт е дека медиумите се слободни да пишуваат се што сакаат, но најголем од тоа се лажни вести, протнување политичка агенда или само обичен обид да им се наштети на луѓето. Чесноста победува, напиша Трамп на Твитер.
На иницијатива на весникот „Бостон глоуб“, 350 медиуми весници во САД вчера во уводниците ги осудија и отфрлија напади на Трамп за лажни вести истакнувајќи ја важноста на слободните и силни медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст