| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал на прославата за АРМ: Шекеринска не поканила ниту еден од поранешните министри за одбрана

На свеченоста присуствуваат делегација од Собранието на РМ, министри во Владата, пратеници во Парламентот, пензионирани генерали на АРМ, амбасадорите и воените аташеа акредитирани во Република Македонија, високи гости од повеќе институции, но не и поранешните министри за одбрана. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, не им испратила покани за прославата на своите претходници

Во присуство на државниот и армискиот врв, претставници на дипломатскиот кор и други видни личности пред Министерството за одбрана се одржува централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија.

Свои обраќања треба да имаат претседателот на државата и врховен командат на вооружените сили Ѓорге Иванов и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Претседателот со Орден за воени заслуги ќе ги одликува првиот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада и баталјонот за врски, а ќе бидат прочитани и наредби за унапредување на старешини во највисоки офицерски чинови, ќе бидат врачени плакети, значки, благодарници за соработници и организации со кои соработуваат МО и АРМ.

На свеченоста присуствуваат делегација од Собранието на РМ, министри во Владата, пратеници во Парламентот, поранешни началници на ГШ на АРМ, пензионирани генерали на АРМ, амбасадорите и воените аташеи акредитирани во Република Македонија, високи гости од повеќе институции, но не и поранешните министри за одбрана. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, не им испратила покани за прославата на своите претходници.

На градските гробишта во Бутел во Скопје изутринава повеќе делегации со воени почести положија венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

Почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија ќе се изврши вечерва во 19 часот во касарната „Илинден“ од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ, по повод Денот на Армијата. Претходно, во периодот од 15 до 18 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден истрел од шест артилериски орудија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top