| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за вчерашното пукање во Чаир

Министерството за внатрешни работи ги соопшти сите детали во врска со вчерашната пресметка во Чаир.

-Околу 19.10 часот пред маркет на ул. „Лазо Трповски“ во Скопје поради нерасчистени должничко-доверителски односи, настанала расправија помеѓу Б.Б. (23) и Р.Б. (20), двајцата од Скопје, од една страна и К.И. (51) од Скопје од друга страна. Во еден момент И.К. извадил пиштол, а Р.Б. се обидел да му го турне пиштолот од раката на К.И., информираат од МВР.

Притоа, К.И. почнал да пука кон Б.Б. и Р.Б., но тие успеале да побегнат и да останат неповредени. После тоа и К.И. го напуштил местото.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на К.И. и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top