Менаџерите во англиската Премиер лига имаат обичај да се носат елегантно, а особено внимание се прави при изборот на рачниот часовник.
Предводникот на Манчестер Сити, Шпанецот Пеп Гвардиола, во првото коло од новата сезона против Арсенал забележа победа, а на тој натпревар беше облечен во сив џемпер и носеше сив часовник. Вредноста на неговиот рачен часовник изнесува 150.000 фунти! Се работи за специјално издание од марката „Richard Mille“.
За разлика од него, неговиот колега од лутиот ривал Јунејтед, Португалецот Жозе Мурињо, беше облечен во црно одело и бела кошула, а во таа комбинација на неговата рака блескаше часовник од марката „Hublot Big Bang Unico“. Неговата вредност е 15.909 фунти. Со оглед на тоа што оваа конпанија му е лучен спонзор, се сомневаме дека Португалецот го платил часовникот од свој џеб.
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, пак, на раката носеше часовник во вредност од 7.352 фунти, а се работи за моделот „Aquatimer Expedition Charles Darvin“ кој го произведува „Chronograph“. Часовникот на предводникот на Челзи, Маурицио Сари, чини 6.000 фунти, кој е класичен од марката „Luminor Panera“.
Менаџерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто, носи часовник од марката „Tag Heuer“ и неговата вредност изнесува 1.250 фунти. Роj Ходсон, кој го предводи Кристал Палас, го плати својот часовник „Hublot Big Bang Gold Ceramic“ дури 25.200 фунти, додека Слависа Јокановиќ (Фулам) носеше часовник „Rolex Explorer“,кој чини 5.950 фунти.
Интересно е тоа што часовникот на менаџерот на Кардиф, Еди Хав, чини само 329 фунти, а се работи за „Apple“ часовник. Менаџерот на Хадерсфилд, Дејвид Вагнер, носи часовник во вредност од 100 фунти, додека предводникот на Ливерпул, Јирген Клоп, од марката „Casio G-Shock“, кој чини 5.500 фунти.
Според овие податоци, Гвардиола најскапо се носи. Кога ќе се запрашаме колку чинат македонските фудбалери на трансфер маркетот, ќе констатираме голем дел се дури и поевтини од часовникот на шпанскиот стручњак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст