Александар Пандов предупредува дека освен што ќе ги изгубиме идентитетот, името и историјата, за влезот во НАТО ќе платиме и друга цена – ќе ги изгубиме животите, зашто Македонија е на пат да стане главен НАТО центар за складирање на нуклеарен отпад.
„Користењето на муниција со осиромашен ураниум е исклучително штетна за средината во која се користи. Шеќеринска е фатена жива како лаже дека на Криволак не е користена таква муниција. Па еве да прашам, ако вака како кандидати за членови во НАТО не користат, како полноправни членови многу извесно е и реално да Криволак прерасне во полигон за нуклеарни проби, а Македонија стане главен НАТО центар за складирање на нуклеарен отпад! Покрај идентитетот, името, историјата и ова ли е еден од условите за полноправно членство? Да не набројувам за што се друго, но и ова е една од причините зошто ќе #Бојкотирам“
Министерството за одбрана најостро ги демантира шпекулациите кои се споделуваат на социјалните мрежи дека на полигонот Криволак ќе се одвива гаѓање со бомби кои содржат осиромашен ураниум. Министерството за одбрана најодговорно тврди дека ниту сегашните, а ниту идните обуки и тренинзи на нашите партнери од НАТО на полигонот Криволак не се од било каква опасност по здравјето на граѓаните, ниту ќе се користат бомби со осиромашен ураниум.
Ваквите лаги имаат за цел да ја поттикнат недовербата на граѓаните во НАТО и се во функција на негативна кампања за претстојниот референдум. Граѓаните да бидат спокојни, членството на Македонија во НАТО носи единствено поголема безбедност и сигурност за нашата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


