| четврток, 6 декември 2018 |

Што прават деца во униформа на Златибор: Воени ветерани обучуваат деца за „не дај боже“

На Златибор е отворен првиот „младинско-патриотски“ камп за деца, кој го организираат „српски и руски ветерански и патриотски групи“

На видеосервисот Раша тудеј се појави снимка за која во описот стои дека е камп од триесетина деца од 14 до 23 години, преенсува Б92.

„Децата учат основни техниики на преживување во природа, уклучувајќи и давање прва помош и однесување во борби, да пукаат од пушка и да се бранат со нож, и ориентација“, пипува во краткиот опис на видеото.

Овој камп е прв од ваков вид во Србија. Во име на оргазинаротот зборува претставник на Здружението на учесници во оружените судири во бивша Југолсавија Жељко Вукелиќ, кој вели дека се работи за „младинско-патриотски“ камп, а децата се подготвуваат да станат „вистински луѓе и војници кои ќе можат да ја бранат својата земја“.

Повеќе ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top