| четврток, 6 декември 2018 |

Само сакал да го погали крокодилот, полошо поминал на социјалните мрежи (ВИДЕО)

На видеоснимка која кружи на интернет може да се види како Индиец му се приближува на опасен рептил, а потоа се обидува да го погали, пишува Дејли меил.

Крокодилот, кој потекнува од руралниот дел на Бангладеш, ненадејно го угизува човекот за испружената рака и се оддалечува од местото обидувајќи се да се сокрие во грмушките во барата, стравувајќи од луѓето кои сведочат за сцената. Со тешки повреди Индиецот е хоспитализиран.

Но, иако со крокодилот не поминал добро, на социјалните мрежи помина уште полошо:

„Добро му направи крокодилот. Треба да го остави животното на мир, а не да го провоцира“, „Треба да биде приведен за вознемирување диви животни, ве молам приведете го“. Се уште не се знае дали властите презеле мерки против човекот, но во минатото биле ригорозни кон ловци на дивеч во тоа подрачје.

Снимката можете да ја видите на ЛИНКОТ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top