Владата објави целосен извештај за прославата “Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ”, со вкупните трошоци. Од таму велат дека не се точни тврдењата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека постапката е спроведена законски, со запазување на принципот на конкуренција и во транспарентна постапка.
„Постапката е реализирана согласно член 17 став 1 алинеја 2 од Законот за јавни набавки, за услуги за коишто законот дозволува, поради краткиот временски период да се испратат покани до неколку економски оператори. За двете спроведени постапки се испратени покани до 3 економски оператори и операторите доставиле понуди. На тој начин принципот на конкуренција е целосно запазен. Изборот на најповолен понудувач е направен согласно однапред дефиниран критериум: најниска цена. Не е точно дека во тендерската документација не се опфатени техничките спецификации. Двете тендерски документации од двете постапки содржат технички спецификации“, велат од Владата
Посочуваат дека согласно одредбите од Законот, договорите се објавени во рок од 30 дена од денот на склучување.
„Како што ја информиравме јавноста во целосниот извештај за прославата „Одиме напред-Македонија во НАТО и ЕУ, вкупните трошоци, за сите настани во 15 градови ширум Македонија, со сите ставки изнесуваат околу 180.000 евра, реализирани во законска и транспарентна постапка. Разликата од 6.000 евра во споменатата ставка за потреби и услуги за организација на настаните се должи на соопштениот износ за вредноста на договорот кој без ДДВ изнесува 35.000 евра. Договорот за обезбедување на сценска опрема, бини, системи за озвучување и осветлување, е со повисока сума но реално се потрошени помалку пари, односно како што веќе соопшти Владата потрошени се околу 49.000 евра или по околу 3.200 евра по град. Бидејќи договорот за обезбедување на сценска опрема, бини, системи за озвучување и осветлување е склучен пред одржувањето на настаните, во текот на реализацијата и состојбите на терен е констатирано дека се потребни помалку пари и оттука потрошени се помалку средства“, велат од Владата.
Додаваат дека постапката за враќање на парите коишто не биле потрошени е веќе започната и дека Владата очекува во буџетот на Република Македонија, од страна на приватна компанија, да се вратат околу 30.000 евра.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во организацијата на прославата има „милион скандалозни постапки“.
– Денеска сакаме да поставиме неколку прашања во врска со тендерските постапки за организација на прославата кои излегоа на виделина, а се премногу симптоматични и упатуваат на монополизација на тендерските постапки и однапред утврдени фирми кои што треба да ги добијат истите. Според информациите креирани на сајтот за јавни набавки како „Вид на постапка“ која што е спроведена за склучување на предметните договори, договорниот орган дефинирал „Доделување на договор за јавна набавка за категорија на услуги 17-27“, што подразбира дека овој тип на услуги се дефинирани во член 3 од Уредбата за услугите кои се предмет на договорите за јавна набавка на услуги. Па така целата постапка треба да се спроведе согласно член 17 став 2 од законот за јавни набавки, односно примарно е да се обезбеди конкуренција, еднаков третман за економските оператори кои што имаат понуди, транспарентност итн при спроведување на постапката, за да можат сите економски оператори да бидат конкурентни на тендерот односно оние што се заинтересирани.
Арсовски запраша, зошто огласите за двете набавки воопшто не се објавени на сајтот за јавни набавки во делот „други огласи” каде што и се објавуваат огласите за овој тип на услуги.
-Каде воопшто се објавени огласите? На кој начин е обезбедена конкуренцијата и еднаквиот третман на останатите фирми и на кој начин е обезбедена транспарентноста во постапките согласно член 17 став 2, а во врска со член 2 од законот за јавни набавки? Каде се објавени техничките спецификации кои се барале како дел од тендерската документација, а кои се задолжително дефинирани согласно член 17 став 2 и дали можеби фирмите кои што ги добиле овие тендери биле договарани во 4 очи и однапред се знаеле кои се? Понатака, како е можно според податоците во самите договори од член 4, тендерските документации да бидат изработени на 10.07.2018, понудите да се доставени по само 1 ден на 11.07.2018, а веќе на 13.07.2018 да бидат склучени договори? Оттука сакаме да прашаме како е можно ваква постапка каде што се трошат огромен број пари на граѓаните да се спроведе за само 1 ден и без притоа да се остави можност да конкурира кој сака и кој е заинтересиран? И доколку е итна постапката зошто владата не ја спровела постапката согласно член 99 од законот за јавни набавки која повикува на итни постапки за тендери?
Според Арсовски очигледно е дека сите сомнежи упатуваат на тоа дека тендерските постапки можеби однапред биле договорени за кои блиски фирми на СДСМ ќе бидат наменети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст