Непочитувањето на законите во Република Македонија е во сите пори на општеството. Организирано и без срам, се злоупотребуваат буџетски пари и се трошат немилосрдно за вработувања кои се незаконски и во сите фази и без критериуми, порача на прес-конференција Никола Мицевски пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:
„Имено, само во 2018 година, односно за период од само седум месеци, во државната и јавната администрација, според наши анализи, објавени се околу 140 огласи за вработување на неопределено време, административни службеници во 100 институции, за 450 извршители односно 450 нови вработувања. 4.300 огласи за вработување на определено време (по ЗРО), во 700 институции, за 5.500 извршители, односно 5.500 нови вработувања. Вкупно за седум месеци од 2018 година, приближно 4.400 огласи, во над 700 институции, за повеќе од околу 5.900 нови вработувања.“
Мицевски порача дека СДСМ вработува спротивно на сите препораки од ЕУ, спротивно на сите позитивни прописи за вработување во Република Македонија, затоа гласно упатуваме прашање за надлежните Министерства и јавна претставка доколку сѐ уште постојат Државен управен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Државен завод за ревизија.
1. Колку се почитуваат годишните планови за вработување?
2. Дали во Агенцијата за администрација постои некој кандидат што не положил испит за административно управување и за административен службеник и дали директорот ќе поднесе оставка доколку со докази му предочиме пристрасно и непрофесионално работење?
3. Колку годишни планови за вработување за 2018 година, добиле согласност од МИОА и од МФ после законскиот рок?
Мицевски упати прашања и до Министерот за финансии и одговорните лица во Министерството за финансии:
1. Колку согласности за вработување се издадени за 2018 година, а се однесуваат на Буџетската 2018 и колку од нив се однесуваат за вработување на неопределено време, колку за определено време, а колку се за ангажирање на работници преку агенции за привремени вработувања?
2. Кои се институциите за кои се издадени согласностите?
3. Дали за сите овие вработувања биле однапред планирани средства во Буџетите на институциите согласно член 17 од Законот за Буџет?
-Сите овие прашања ќе бидат доставени и во писмена форма до сите надлежни институции, како и до Министерството за финансии и очекуваме брз одговор согласно законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Граѓаните и даночните обврзници имаат право, а вие имате обврска да дадете отчет за сите потрошени пари, додаде Мицевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст