Вчера во 15 часот во Полициска станица “Гази Баба”, В.П. (67) од село Трубарево, скопско, пријавил дека околу 14.00 часот од страна на напознато лице извршена му е измама при што му биле одземени 200 евра.
Откако пријавителот му кажал на сторителот дека сака да купи дрва од него, но побарал прво да ги види, истите се упатиле кон камионот каде што се наоѓале дрвата. Во меѓувреме сторителот се вратил во домот на пријавителот и од сопругата на В.П. одзел 200 евра со изговор дека така кажал нејзиниот сопруг по што заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчераутро пак Ј.М. (55) од село Брњарци, скопско, пријавила дека на 14.08.2018 година во времето од 12.00 до 13.00 часот била измамена од страна на непознато лице при што и биле одземени 5.000 денари. Измамата е извршена од страна на непознато лице на тој начин што пријавителката му дала пари за да и донесе огревно дрво и откако и рекол дека веднаш ќе и ги донесе дрвата заминал во непознат прваец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст