| четврток, 6 декември 2018 |

Прашина како во Сахара, граѓаните револтирани- ова со месеци е сликата на скопско Маџир маало (Фото)

Облаци од прашина како во Сахара кога дува ветер, а кога дождот ќе заврне- кал до гуша. Ова е сликата на скопското Маџир маало кое се наоѓа веднаш до строгиот центар на градот.

Купишта шут, градежни материјали, прашина, кал и смет. Во таква околина со месеци живеат жителите на Маџир маало, а локалната власт не превзема ништо околу ова.

-Оваа состојба која е на сликите е од месец април 2018 и станува се полоша и полоша, истакнуваат жителите на оваа маало.

Велат, се гушат, живеат како во депонија, не можат ниту прозорец да отворат.

Опасно е и за децата, но вознемирените жителите се немоќни било што да сторат. Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ се глуви за нивниот проблем.

Во продолжение фотографии кои ни ги пратија револтираните, но воедно и загрижени жители на Маџир маало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top