| четврток, 6 декември 2018 |

Излетал од патот и удрил во бетонски столб: 20 – годишно момче починало на полноќ на клиника

Синоќа околу 21 часот на регионалниот пат Куманово-с.Липково, во с. Опае, М.А. (20) од с. Отља-општина Липково, управувајќи патничко возило „Форд-Фокус“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб.

Притоа, со повреди се здобиле возачот М.А. и сопатникот и сопатникот А.Е., кои биле пренесени во Општа болница Куманово. По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, двајцата биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во 00.00 часот на 16.08.2018 возачот М.А. починал, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top