| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе се роди во хеликоптер за време на лет над Хрватска

Во хеликоптер од типот „Ми-8 МТВ“ на хрватското Воено воздухопловство за време на итен медицински лет од островот Раб, се роди женско бебе.

Мајката го родила девојчето пред слетувањето на хелиодромот Делта во Ријека, а во моментот на породувањето присуствувал екипаж на Ескадрилата на транспортни хеликоптери на 91. Воздухопловна база, соопшти хрватското Министерство за одбрана.

Мајката и девојчето се во добра состојба, благодарение на подготвеноста и присебноста на медицинскиот тим

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top