| четврток, 6 декември 2018 |

Според американски специјалист за безбедност, Балканот денес е многу побезбедно место

Американскиот специјалист за безбедност, Џастин М. Бишоп, вели дека Балканот денес е далеку побезбедно место отколку пред неколку години и дека Црна Гора, со пристапувањето во НАТО, го избра вистинскиот пат кон стабилноста и безбедноста и зацврстувањето на демократијата.

Во интервју за подгоричките „Дневне новине“, Бишоп изјави дека постојат и оние кои не сакаат Црна Гора да ги зајакне односите со Западот, но дека тие немаат алтернатива која би и ја понудиле на Подгорица.

„Истите земји можат да понудат малку во смисла на алтернативни политички или безбедносни решенија кои можат да ја задоволат желбата на Црна Гора да добие пристап до западните пазари и можности”, тврди Бишоп.

Според него, пристапот на Црна Гора во НАТО е важна пресвртница на патот на оваа земја кон стабилноста, демократијата и безбедноста во регионот познат како „европско буре барут”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top