Новиот капитен на Барселона, Лионел Меси, вети дека каталонскиот тим во претстојната сезона ќе стори се за да ја освои Лигата на шампионите.
– Ветуваме дека оваа година ќе направиме се што е можно за повторно да го освоиме трофејот во Лигата на шампионите. Имаме план за иднината, а оние кои дојдоа во тимот ќе ни помогнат да станеме подобри. Минатата година бевме добри, стигнавме до дупла круна. Но, останавме без Лигата на шампионите. Оваа сезона имаме амбиции за трофејот во елитното натпреварување, изјави Аргентинецот.
Меси беше еден од стрелците во победата на Каталонците над Бока Јунирос (3:0) на дуелот одигран вчеравечер и беше прогласен за најдобар играч на „Гампер Купот“ кој Каталонците го освоија по 41-ви пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст