Трендот на намалување на бројот на поднесени барања на азил во Австрија, што беше карактеристичен за првите шест месеци од 2018-та, продолжи и во втората половина од годината.
Минатиот месец во Австрија биле поднесени вкупно 1.066 барања за азил, што претставува намалување за 46,8 проценти во однос на истиот месец лани, кога апликации за добивање на азилантски статус поднеле 2.193 странци.
Според податоците на австриското Министерство за внатрешни работи, во периодот јануари јули биле поднесени 8.264 барања за азил, што е намалување за 44,4 отсто во однос на истиот лански период, кога австриските служби примиле 14.866 апликации.
Најголем број од барателите на азил во Австрија се по потекло од Сирија, Авганистан, Иран, Русија и Нигерија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти