| четврток, 6 декември 2018 |

Силното невреме почна да беснее низ Македонија – во овие региони е најстрашно

Попладнево и вечерва како и утре особено попладнето и рано вечерта особено во западните, југозападните, локално во јужните и во источните предели како и во Скопскиот регион ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, стои во временската на Славчо Поповски.

Локално процесите можно е да бидат повторно застапени во форма на невреме проследено со интензинзивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.

Инаку вчера (вторник) најмногу од Глорија беше погоден Штип каде за кратко време наврнаа дури околу 50 л/м2 воден талог а големото невреме беше проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Невремето веќе почна да беснее во делови на Македонија. На овие места е најкритично:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top