Животот на славната актерка Ена Беговиќ трагично е прекинат со сообраќајна несреќа пред точно 18 години.
Нејзината сестра Миа никогаш не се опорави од таа загуба, па и денеска на својот Фејсбук профил објави посвета на Ена.
-Ова е ден, кога љубовта се претвара во тежок копнеж… а воздишките испрекинати… бидејќи тие мисли те бараат по пространството на сеќавањата – напиша Миа крај фотографијата на Ена.
Тој 15 август 2000 година како бомба одекна веста дека актерката Ена Беговиќ го изгуби животот во сообраќајна несреќа на островот Брач во јавноста завладеа тага. Никој не можел да верува дека срцето на дамата со блага насмевка која остави неизбришлива трага во кинематографијата на југословенскиот филм и хрватскиот театар засекогаш престана да чука. Несреќата се случи во моменти на нејзината најголема животна среќа, кога стана мајка и уживаше во првите месеци брачна среќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.