| четврток, 6 декември 2018 |

Спасе останал без родители, живее сам и наследил долгови

Спасе Богоевски е 15-годишно момче со кого судбината прерано си поиграла. Лани, за само неколку месеци ги загубил и двајцата родители и извесно време живеел со роднини во Мралино. Бидејќи го сака спортот, тренира фудбал за ФК „Македонија Ѓорче Петров“.

Открива дека деновиве треба да биде згрижен во Детското село СОС, бидејќи никој не сака да му биде старател. Го прашавме дали сака да оди таму.

-Па не знам како да ви кажам, растен сум со родители, воспитан доволно за да се борам и снаоѓам во
животот. А таму се деца без мајка и татко. Многу е чудно самото влегување таму, како нешто да ме стега.
Но, ако морам ќе се навикнам, вели Спасе.

Најголемиот проблем му се, како што вели сметките за струја и вода кои се насобрале околу 3.000 евра и се наследен долг од родителите. А, има и кредити.

-Куќата е стара, испукана, без струја. Но, долговите си остануваат иако ќе заминам во Детското село
СОС, додава Спасе.

Помош веќе е пристигната и од ракометниот клуб „Еурофарм Работник“.

емагазин.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top