| четврток, 6 декември 2018 |

Кралицата Елизабета бара мијач на садови: Годишна плата 22.000 евра

Кралицата Елизабета бара мијач на садови: годишна плата 22.000 евраОбјавено пред 1 час – 15 август, 2018.

Познато е дека омилениот десерт на кралицата Елизабета Втора е чоколадна бисквит-торта и по сè изгледа во кујната на палатата е потребна помош за да биде сè на кралско ниво.

Бакингемската палата објави оглас за мијач на садови во кујната.

Огласот беше објавен оваа недела на веб-страницата на „Ројал хаусхолд“ и во него пишува дека е потребен нов член на персоналот за да се обезбеди одлична услуга.

Годишната плата на оваа позиција изнесува околу 22.000 евра, а обезбедени се оброци во палатата и 33 дена одмор.

Во огласот се вели дека искуството не е услов, туку се бара тимски играч со иницијатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top