Германската Влада одобри можност за регистрирање на трет пол во матичните книги. Уставниот суд во ноември лани донесе пресуда со која се отвори таквата можност. Судот ја донесе ваквата одлука врз основа на жалба од лице кое во половите хромозоми има само еден X хромозом. На лицето му било одобрено во изводот кај род наместо „женски“ да му пишува „поинаков“.
Надлежните претходно го одбиле барањето на лицето повикувајќи се на законот дека децата може да се регистрираат само како „машки“ или „женски“ пол или рубриката за пол да се остави празна.
Денешната одлука на Владата треба да ја потврди Парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст