| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ги пали палмите кај клиниката на Жан Митрев? (ВИДЕО)

Последните неколку дена во кругот на клиниката „Жан Митрев“ се случиле два немили настани, а биле уништени две палми, велат од клиниката. Тврдат дека станува збор за два поединечни исценирани инциденти во кои, група млади лица во ноќните часови запалиле дел од палмите засадени во градината околу паркингиот на клиниката.

„Првиот случај беше регистриран рано наутро во саботата (11.08.2018) во 1:30 часот а вториот во среда (15.08.2018) во  2:30 часот. Ицидентот е регистриран од безбедносните камери на болницата и снимките ќе бидат искористени за понатамошна истрага во која ќе се бара кои се сторителите и кои се мотивите за тоа некој да направи ваков вандалски, нецивилизиран чин, велат од клиниката.

На снимките во првиот случај се гледаат неколку млади лица како се приближуваат до влезот на паркингот и едниот од нив со запалка го пали стеблото на палмата која за неколку секунди вивнува во пламен. Во вториот случај на безбедносните камери вандалите се симнуваат од автомобил и со покриено лице се упатуваат до една од најблиските палми и исто така ја запалуваат, по што се качуваат во автомобилот и бегаат од местото.

Се прашуваат на кому му сметаат палмите и зошто некој го прави ова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top