Поранешната соработничка на Доналд Трамп, контроверзната Омароса Маниголт Њуман, му предизвика нови проблеми на американскиот претседател кога ги објави тајно снимените разговори од Белата куќа.
Светските медиуми веднаш ја осудија можноста за тајно снимање, посебно во простории во кои се чуваат најголемите тајни на нацијата, и поставуваат прашање зошто тајните снимки на Омароса се повик за тревога.
Американскиот претседател ја нападна неговата поранешна соработничка откако таа објави снимки од тајно снимени разговори од Белата куќа, вклучувајќи и една на која се чини дека претседателот е изненаден од тоа дека Омароса е отпуштена од државната администрација.
„Лудата Омароса, која трипати беше отпуштена од американското ТВ шоу ‘The Apprentice’, сега е отпуштена за последен пат. Таа никогаш не успеа и никогаш нема да успее“, напиша Доналд Трамп на неговиот Twitter профил во понеделникот.
Британскиот весник The Guardian потсетува дека во моментов Омароса ја промовира нејзината книга „Unhinged“, која нуди остар приказ на животот во Западното крило.
„Во мемоарите се тврди дека Трамп е расист кој го употребил зборот на буквата Н (nigger – погрден термин за Афроамериканците), а тврдењето е поткрепено со фактот дека неколкупати досега е снимен како го изговара тој збор во текот на снимањето на ТВ шоуто ‘The Apprentice’“, пишува Guardian за снимките од Доналд Трамп кои беа емитувани на NBC.
Guardian го поставува прашањето дали Омароса може да се соочи со кривичното гонење за снимање во собата за кризни ситуации на претседателот, и бара да се разјасни случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


