Институтот за политички истражувања по спроведената анкета излезе со податоци дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на наредните избори. Имено, истражувањето во август покажува дека ВМРО-ДПМНЕ со скок од 1.9 осто споредено со јуни има вкупно 23.2 осто рејтинг, што е повеќе од СДСМ која има 22.8, и има пад од цели 2.8 осто споредено со јуни. Ова се одговорите на прашањето доколку се одржат нови избори следната недела која партија би победила.
Воедно анкетата покажува стабилно водство на ВМРО-ДПМНЕ кај Mакедонците.
Политикологот Надица Андреев вели дека ваквото движење на рејтинзите покажува дека веќе се работи за тренд на зголемување на рејтингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ додека СДСМ бележи опаѓање на довербата.
– Разликите во рејтинзите се последица пред се на лошото менаџирање на државата и проблемите од страна на СДСМ која покажува сериозни слабости. Практично сега сите ветувања кои тие ги даваа во изминатиов период поради нивното неисполнува предизвикуваат бумеранг ефект кој негативно се одразува, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која прави сериозен пресинг на сите полиња и покрај лимитираните ресурси и пр алатки со кој располага. Мицкоски покажа отпорност од различните влијанија и започна да промовира една автентична политика која еве се гледа и во анкетите на повеќето агенции, вели Андреев.
Магитерот по меѓународни односи Христина Ивановска тврди дека ВМРО-ДПМНЕ целосно ги поклопува СДСМ иако овие како владеачка гарнитура располагаа со неспоредливо многу ресурси. Од друга страна падот на рејтингот на СДСМ се должи и на многубројните афери и растечкото незадоволство од корупцијата, од друга страна целиот летен период лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е постојано на терен меѓу граѓаните промовирајќи активизам кој носи резултати.
-Влијанијата на договорот со Грција и аферите кои се случуваат во здравството, фондот за иновации и останатите сегменти реално ќе можат да се измерат дури на есен, бидејќи емпириски е докажано дека ефектот на настаните во Македонија има задоцнување од два до три месеци додека не се оформи вистинсата слика за работите, вели Ивановска.
ИПИС ги спроведе двете кратки истражувања во периодот помеѓу 13 и 17 јуни и помеѓу 6 и 10 август 2018 на 1105 (Јуни) и 1110 (Август) полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.
Расте довербата во опозициската патија и во анкетите на МЦМС
Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ забележал скок од 3,4 отсто за само два и пол месеци, покажува анкетата на Телма, која ја спроведе МЦМС на крајот од јули. Анкетата покажува драстичен раст во рејтингот во месеците од летото, што е резултат на зголемениот активизам и присутноста на терен на партиските членови, но и на претседателот Мицкоски.
Во анкетата на МЦМС опозициската партија има рејтинг од 24,0 отсто, што е скок од 3,4 осто споредено со нивната анкета во мај – ВМРО-ДПМНЕ имаше рејтинг од 20,6 отсто. СДСМ на најновата анкета има рејтинг од 24,4 отсто, а на истата анкета во мај имала 25,5 осто, што е пад за 1,1 осто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст