| четврток, 6 декември 2018 |

Попова: Во ЕУ не се оди со улици и плоштади полни со бездомни кучиња

Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје денеска во изјава за медиумите упати критики до градоначалникот Петре Шилегов, во врска со кучињата скитници.

„Власта на која устата им е полна со ЕУ и НАТО, а чиј претставник е Шилегов треба да знае дека во ЕУ не се оди со полни улици и плоштади со бездомни кучиња кои ги касаат граѓаните, но и туристите оставајќи негативна слика на секој посетител поединечно. Енормно е зголемен бројот на граѓани кои нападнати од кучињата скитници се јавуваат во скопските болници.“, рече Попова.

Таа додаде дека и покрај тоа што постои програма за заловување и третирање на бездомните кучиња во градот Скопје донесена од Советот, таа не се применува.

Од ВМРО-ДПМНЕ му предлагаат на Шилегов да ги продолжи проектите што ги започнала претходната власт. Во тој прилог, велат, неопходно е зголемување и осовроменување на капацитетот на опремата за заловување, како на возилата така и специјална опрема за таа намена. Понатаму, заловените кучиња кај кои е констатирано дека се агресивни веднаш да се заловат и карантински да се третираат пред да бидат вратени. ВМРО-ДПМНЕ порачува изработка на регистар од страна на АХВ на домашни миленици, за потоа да се изврши чипирање на регистрираните домашни миленици, а потоа и на кучињата бездомници со што јасно ќе се разграничи состојбата на континуиран прилив од домашни миленици во бездомни кучиња. Последно во низата препораки е изградба на мини стационари за кучиња во неколку скопски општини, каде за тоа постојат услови.

макфакс.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top