| четврток, 6 декември 2018 |

Сакале да му го украдат автомобилот: Момче претепано во Скопје

Од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во понеделникот во полиција било пријавено дека кај нив бил донесен Р.Ј. (18) од Скопје кој бил физички нападнат од две непознати лица на улицата „Јужноморавски бригади“ во Скопје.

Р.Ј. забележал дека двете лица се обидуваат да му го одземат неговото патничко возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, по што излегол надвор и тие физички го нападнале, но не успеале да го одземат возилото, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top