Поранешниот албански претседател и премиер Сали Бериша ги повика албанските граѓани да се „кренат на народна револуција“ против актуелната власт.
Според Бериша, кој е и поранешен лидер на опозициската Демократска партија, Албанците треба да го следат примерот на Романците, кои, како што наведува, протестираат против корумпираната Влада.
– Драги пријатели, деновиве романските граѓани се кренаа на силна народна револуција во Букурешт и низ цела Романија за уривање на левичарскиот клептократски режим. Изразувајќи ја мојата огромна солидарност и восхит со романските граѓани и нивната револуција, ги повикувам албанските граѓани да се кренеме и ние на една сенародна револуција, за да ја урнеме наркодржавата и клептократскиот режим во Албанија, објави Бериша на Фејсбук.
Тој ги повикува Албанците „овој септември што доаѓа заедно да го претвориме во најголемиот и најзначаен септември во нашата историја“.
Претходно и лидерот на демократите Љуљзим Баша за септември најави „сенационални антивладини протести“, одбивајќи го предлогот на премиерот Еди Рама од следниот месец, кога завршува одморот на пратениците, заедно во Парламентот да ги донесат значајните закони за европската иднина на Албанија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


