| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка кај езерото Треска, повредени жена и две деца

Вчера во 16 часот на локалниот пат с.Сарај-с.Глумово, наспроти езеро „Треска“, возило „форд ка“ со скопски таблици, управувано од З.Р. (27) од Скопје, излетало од коловозот и се превртело.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила З.Р., додека со телесни повреди се здобиле две деца-сопатници на возраст од 16 и девет години.

Со друго возило тие биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната помош З.Р. била задржана на понатамошно лекување, додека децата биле пуштени на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top