Дали сте знаеле дека септемвриските одлуки имаат многу поголеми шанси за успех од новогодишните одлуки? Зимскиот период пред новата година најчесто е многу стресен и напорен на работа, а згора на тоа имате и доста обврски и припреми за празниците, па токму затоа и немате многу време за себе.
Но, септември е сосема друга приказна. На работа сте подготвени за нови предизвици бидејќи сигурно неодамна сте се вратил од одмор свежи, релаксирани и со голема желба за напредок. Токму затоа и ова е клучен период за нови одлуки и промени. Имајќи го сè ова на ум, еве како да ја направите вашата септемвриска одлука:
Зошто септември е вистинското време за промени?
1. Размислете што навистина би сакале да промените. Дали постои нешто кое ве мачи, кочи или пак, што би сакале да го подобрите?
2. Поделете ја целта во мали чекори кои се остварливи и мерливи. Со цел да можете да ја одржувате вашата мотивација преку константните мали успеси.
3. Одредете почетен датум. Не мора да чекате до следниот понеделник, кога ќе добиете следна плата или слично… Вистинскиот момент е веднаш!
4. Споделете ја вашата одлука. На овој начин ќе стане многу пореална и полесно постиглива, а истовремено ќе имате и поддршка од страна на вашите блиски.
5. Бидете подготвени за предизвици. Отворено прифатете го овој септемвриски предизвик и сите останати предизвици кои ќе се појават пред вас во текот на овој процес. Нема што да изгубите.
6. Следете го вашиот напредок. Можете во мал нотес за состаноци секојдневно да забележувате кои чекори сте ги презеле, како и што ве мотивира да продолжите со цел секогаш да го следите вашиот напредок и да не си дозволите да застанете.
7. Наградете се. Ако сте биле доволно добри и истрајни, прославете го вашето достигнување. Тоа сигурно ќе ви помогне во иднина да постигнете уште многу вакви успеси.
За крај остануваат само 2 прашања. Дали сте доволно мотивирани веднаш да свртите нов лист? Или сепак ќе ги оставите вашите одлуки за јануари? Размислете…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст