| четврток, 6 декември 2018 |

Детална анализа за оваа есен која воопшто нема да ви се допадне

Со оглед на тоа дека полека но сигурно наближуваме кон есен 2018, па ние како и секогаш така и овој пат решивме навремено да ве информираме околу временската состојба кај нас во текот на следните месеци:

Според најновите анализи кој ние ги направивме за претстојната есен 2018 не стојат ни малку добро затоа што според моменталната ситуација се очекуваат нешто позачестени врнежи особено на запад и на југ од државава која повремено би можеле да бидат и доста поинтензивни и истите може да условуваат локални поројни поплави.

Гледано пак по температурите на воздухот истите би биле во рамките околу нормалата за есенскиот период иако повремено се можни и нешто посвежи продори од север кој би можеле да условат и подпросечни температури на воздухот.

Пред нас е една доста променлива есен со нешто почести врнежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top