| четврток, 6 декември 2018 |

Марко Јариќ лудува со своите миленички на јахта (Фото)

Кошаркарот Марко Јариќ со поранешната сопруга, Адријана Лима, има две ќерки – Сиена и Валентина. Тој никогаш не криеше дека обожава да го поминува времето со нив иако по разводот на оваа позната двојка, девојчињата останаа да живеат со мајката.

Но, без оглед на тоа што се разделени, Марко е чест гостин во нивниот дом. Овој пат кошаркарот ги поведе ќерките на капење и лудории во водата. А дека се среќни и задоволни што се заедно, може да се види на фотографиjата.

Додека таткото вешто го крие својот љубовен живот, на мајката, Адријана Лима, тоа никако не ѝ поаѓа од рака. По разводот, беше во неколку врски и секоја од нив беше проследена од медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top