| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Заев: Сите треба да внимаваме што зборуваме

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека сите треба да внимаваат што зборуваат и да градат заедничко пријателство со соседите.

-Мораме да продолжиме во духот на Договорот, имаме заедничка иднина. Сите треба да внимаваме што зборуваме, и ние политичарите и експертите, вели Заев.

Неговата изјава доаѓа по ситуацијата со Бојко Борисов кој му рече да размисли два пати пред да каже нешто, околу изјавата дека Илинденското востание е Македонско. И по реакцијата на Бугарскиот претседател, кој не го призна извинувањето на Заев кој тој го напиша на Фејсбук.

Уште еден бугарски стап од Радев по свитката кичма: Фејсбук не е доволен, Заев да се извини официјално

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top