| четврток, 6 декември 2018 |

Индијци во Скопје (фото)

Деновиве најактуелна е посетата на индискиот магнат Субрата Рој во Македонија. Откако слета во Охрид пред два дена, денеска е во Скопје. Беше на прием кај претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, а на скопскиот плоштад се сретна и со Премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Заедно ја открија спомен-плочата на Мајка Тереза на чие место ќе се гради комплекс посветен на најголемата хуманистка во светот. Со ова почнува реализација на проектот  за поставување спомен-обележје на Мајка Тереза. Споменикот ќе биде подарок од компанијата „Сахара Индија“, кој е во сопственост на Субрата Рој.

IMG_3176

IMG_3278

IMG_3202

– Јас ја имав таа среќа да ја запознам Мајка Тереза. Се сретнавме двапати и можам да кажам дека сум многу благодарен што ја запонав. Неа ја сакаше цел свет, но не знам зошто таа ме сакаше мене. Тука, во нејзиниот роден град ќе изградиме еден голем дом. Споменикот нека биде статуа на хуманоста. Се вљубив во вашата земја и во вашите луѓе и во секој од вас гледам по еден мал дел од Мајка Тереза – изјави Субрата Рој пред откривањето на спомен-плочата.

Комплексот „Мајка Тереза“ ќе се гради на скопскиот плоштад, на местото каде што порано беше познатиот дуќан „Кенан“.

Субрата Рој со себе донесе и делегација во Скопје. Ненамерните посетители на скопскиот плоштад беа затечени од поглемиот број Индијци кои ги сретнаа.

IMG_3276

IMG_3209

Фото: Дејан Станчевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top