| четврток, 6 декември 2018 |

Се женел без пари, кога дошло време да плати, настанала гужва

Пари и злато собирале свадбари за да можат да си одат дома, откако викеднов газда ги затворил вратите на ресторанот, бидејќи младоженците не можеле да ја платат свадбата. Кога била собрана целосната сума, гостите си заминале без да се случи инцидент.

Немилиот настан се случил во ресторан во општина Бутел. Обезбедувањето на ресторанот добило повик нешто пред еден часот по полноќ дека три лица прават проблем. Безредието настанало кога завршила свадбата а на лицето кое ја организирало веселбата му недостасувале 2.800 евра. Младоженецот се јавувал кај свои пријатели од кој барал заем кој колку може да даде пари и накит. И додека гостите сакале да го напуштат ресторанот, сопственикот станувал сѐ понервозен. Патролите успеале да ја одржат ситуацијата без инциденти сѐ додека не била собрана сумата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top