| четврток, 6 декември 2018 |

Приведени девет мигранти и 19-годишен возач кој ги превезувал

Девет мигранти и возачот 19-годишник од Скопје кој ги превезувал во патничко возило вчера на излезот од автопатот кај Демир Капија биле запрени и приведени во Полициска станица за понатамошна постапка.
Како што соопшти МВР, вчера во 17.55 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на клучка с.Миравци, полициски службеници забележале патничко возило „Мерцедес“ со скопски  регистарски ознаки, сопственост на Н.С. (61) од Скопје, а управувано од Е.И. (19) од Скопје (кој возилото го управувал без да се стекне со право за управување на возило), кое се движело со голема брзина.
– Во близина на тунелот и мостот на реката Вардар кај Демир Капија возилото застанало и од него излегле повеќе лица, по што продолжило со движење кон Демир Капија. Кога возилото се исклучило од автопатот било запрено од полициски службеници. На местото биле затекнати девет лица-мигранти, без документи за идентификација. Возачот Е.И. и мигрантите биле приведени во Полициска станица за понатамошна постапка- наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top