| четврток, 6 декември 2018 |

Вицепремиерот за Рамковниот договор го бојкотира одбележувањето на Рамковниот

Вицепремиерот за Рамковниот договор Хазби Лика не присуствуваше на одбележувањето на годишнината од Рамковниот, кое првпат годинава не го организира Секретаријатот за Рамковен договор туку Секретаријатот за евроинтеграции на Бујар Османи. Ова е првпат вицепремиер за Рамковен да не присуствува на годишнина од потпишувањето на документот откако пред 17 години паравоената ОНА се трансформира во политичката партија ДУИ.

Иако бил уредно поканет, Лика не дојде на трибината „Патот до Брисел преку Охрид“, на која се обратија премиерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

На одбележувањето присуствуваа поранешниот вицепремиер Муса Џафери, како и речиси сите министри од ДУИ.

Лика важеше за жесток критичар на власта окму за спроведувањето на Рамковниот договор и честопати влегуваше во конфликт со најтесното партиско раководство на ДУИ, особено за решавање на статусот на поранешните припадници на ОНА, прашање кое ДУИ не успеа да го реализира и по 17 години.

Вицепремиерот Хазби Лика му е лут на Ахмети и два месеци на доаѓал на работа

 

Се шпекулира дека несогласувањата на најблиските соработници, а во 2001 година соборци, Ахмети и Лика, е поради кадровската политика која ја води вицепремиерот, односно дека вработувал свои блиски луѓе.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top